Специјалец сакал да се збогати: Имал нелегална пумпа и продавал поевтино гориво од државата
Припадникот на специјалната воена единица на Хрватска е приведен поради сомнеж дека нелегално препродавал гориво во Сплит.
Тој продавал гориво пред семејната куќа, а во дворот имал резервоар од 2.000 литри со илегална пумпа, а горивото чинело за 20 отсто поевтино отколку што го продава државата.
Истрагата за случајот ја почнала воената полиција, а потоа се активирала и локалната полиција која го уапсила.
„Дневник.хр“ објави дека истрагата треба да покаже дали имал помошник и како го собрал горивото кое го продавал по пониска цена од пазарната.
04.04.2022 - 22:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа