Полицаец ладнокрвно си го застрела колегата во Тирана (ВИДЕО)
Полицаецот Лудијам Заими си го уби колегата со службен пиштол во полициска станица во Тирана.
Телевизијата „Еуроњуз Албанија“ објави снимки од надзорни камери каде што се гледа инцидентот во Албанија.
Полицаецот Чауш Салијани во еден момент излезе од просторијата, седна покрај вратат, но потоа излезе Заими по него и извлече пиштол, по што истрела најмалку шест куршуми.
Заими се обидел потоа да избега, но бил фатен пред полициска станица. А видеото може да се погледне на Јутјуб-каналот на „Еуроњуз Албанија“ (https://www.youtube.com/c/EuronewsAlbania).
25.05.2022 - 11:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа