Со 1,85 промили алкохол во крвта возел на автопат во спротивна насока во Црна Гора
Црногорската полиција го уапсила П.К. (56) откако истиот бил фатен како вози под дејство на алкохол во спротивната лента на автопатот „Принцеза Ксенија“ во Црна Гора.
Кај осомничениот биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта, пренесува „Вијести“, а нејасно е како успеал да заврши во спротивната лента на автопатот.
Судијата за прекршоци му изрекол глоба од 700 евра.
10.08.2022 - 19:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа