Абазовиќ: Ваква трагедија не се памети во Црна Гора
Еден 34-годишен маж во Цетиње уби 11 лица, а повреди шест, по што се јави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
„Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора во мислите да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на престолнината Цетиње“, напиша тој на Телеграм.
Се очекува Абазовиќ заедно со останати министри од Владата да ги посети повредените.
12.08.2022 - 19:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа