ВИДЕО: Ана Брнабиќ одржа говор за Европрајд, ЛГБТ активисти ја исвиркаа

 

Повеќе десетици ЛГБТ активисти со свирежи ја дочекаа Брнабиќ во Домот на младината во Белград, каде во текот на вчерaшниот ден имаше прес-конференција во врска со Европрајд.

„Мислам дека е добро да разговараме и мислам дека ова е дијалог и веројатно сум единствената личност дискриминирана од двете заедници и прва политичарка во оваа земја и регионот која не се исплаши и не ми е срам да бидам ЛГБТ. Ова е мојата борба“, кажа српската премиерка.

Активистите во салата на конференцијата извикуваа „Прајд е протест“, „Ги сакаме нашите човекови права“, „Сакаме Прајд“ и ја свиркаа премиерката. Таа им порача да престанат да критикуваат.

14.09.2022 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега