Земјотрес со јачина од 3,5 степени ја стресе Албанија
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, соопшти ЕМСЦ.
Според извештаите, земјотресот е регистриран во 11:47 часот по локално време.
Земјотресот е регистриран на околу 10 километри северно од Тирана, додаде ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета или повредени.
05.10.2022 - 12:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа