Вучиќ го праша Пленковиќ: За кого се санкциите - Русија или Србија?
Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и праша кон кого се санкциите, откако Србија остана без руска нафта.
„Кои се тие да одлучуваат која нафта ќе ја земеме, а која не?“, праша Вучиќ.
Хрватскиот премиер кажа дека не е фер Србија да има поевтина нафта од европските земји.
„Изјавата на Пленковиќ беше јасна, но јас имам едно прашање. За кого се санкциите – Русија или Србија?“, праша Вучиќ.
07.10.2022 - 14:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа