Харадинај најави колапс на Косово

 

 

Претседателот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај денеска во објава на Фејсбук рече дека поради зголемувањето на инфлацијата, која според Светска банка е 19,1 отсто, куповната моќ е намалена на половина.

„Според Светска банка, економскиот раст е 3,1 отсто, а не 10,5 отсто како што вие прогнозирате. Инфлацијата, исто така, според податоците на Светска банка е 19,1 отсто. Тоа значи дека куповната моќ на граѓаните на Косово е преполовена“ – порача Харадинај.

Тој посочи дека во време кога поскапеле сите основни потреби, Владата го блокирала Законот за плати, но и многу проекти.

„Ја блокираше и изградбата на нови енергетски капацитети, како Ново Косово и американскиот гасовод, со смешни причини, што мегават од 80 евра изгледаше скапо, а денес неговата цена се зголеми речиси десетпати“ – рече Харадинај.

Според него, од 706 милиони буџетирани за капитални инвестиции, реализирани се само десетина, а драстичен пад има во секоја економска и социјална сфера.

10.10.2022 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега