Ужас во Србија: Ја претепал сопругата, па се разнел со бомба

 

Српските медиуми пишуваат дека утрово во Вршац околу 7.45 часот во семејниот дом Душан С. (47) активирал бомба при што загинал на лице место, додека неговата сопруга Г.П. е повредена и заврши во болница.

Соседите пријавиле дека ја слушнале експлозијата, а патролата на полицијата го пронашла безживотното тело.

Според информациите, Душан прво ја претепал неговата сопруга, а потоа и нејзината мајка, по што се качил на вториот кат и се разнел со бомба, објави „Блиц“.

17.10.2022 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега