Грција: Се урна авион на автопат, загина пилотот (ВИДЕО)

 

 

На автопат во Грција се урна мал авион, а според засега достапните информации во несреќата загинал пилотот.

Несреќата се случила на 95 километар на автопатот Атина-Ламија, а службите за итна помош добиле дојава за несреќата во 14 часот и 45 минути, по локално време.

Засега не е потврдено за кој авион се работи, но се претпоставува дека е Цесна, пренесува „Keep Talking Greece“. Грчките државни медиуми објавија дека во несреќата загинал пилотот, кој имал меѓу 70 и 75 години.

 

 

19.10.2022 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега