Орбан: Планот на ЕУ за ограничување на цената на рускиот гас е како да платите само пола пиво во кафана
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека предлогот на Европската комисија за ограничување на цената на рускиот гас е идентичен со ситуација во која некој сака да плати половина цена за пиво во кафуле.
Овој став Орбан го изнесе преку Твитер, од самитот на европските лидери што почна денеска во Брисел.
„Предлогот на Европската комисија за ограничување на цените на гасот е како да одите во кафуле и да му кажете на барменот дека сакате да платите половина цена за вашето пиво“, напиша Орбан и додаде: „Тоа нема да се случи“.
Клиентите не можат да ги намалат цените на енергијата, рече унгарскиот премиер, нагласувајќи дека тоа може да се постигне само со диверзификација и конкуренција.
Унгарија се противи на последниот план на Брисел за ограничување на цените на рускиот гас имајќи ги предвид ставот на официјална Москва дека оние кои нема да ја плаќаат пазарната цена, нема ниту да добиваат гас.
Орбан нагласи дека успеал да го ги спречи заклучоците на Брисел со што како што напиша на Твитер, ја обезбедил енергетската сигурност на неговата земја
The @EU_Commission’s proposal on the gas price cap is like going to a bar and telling the bartender you want to pay half price for your beer. Not going to happen. Customers can’t reduce energy prices. Only #diversification and #competition can. pic.twitter.com/7auYiZSl9p
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) October 20, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа