Универзитетски професори во Албанија ќе штрајкуваат со глад
Албанските универзитетски професори поставија рок до утре за Владата да ги исполни нивните барања.
Доколку тоа не се случи, тие ќе почнат штрајк со глад, откако протестите почнаа уште на 17 октомври.
Професорите бараат зголемување на платите за 30 отсто за оваа година и дополнителни 20 отсто за следната година, иако Владата одвои само седум отсто од буџетот.
01.11.2022 - 09:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа