Украинските бегалци денеска не добиле појадок, Бугарија сака да ги сели во касарни
Украинските бегалци кои беа сместени во хотели на Сончев Брег во Бугарија ќе бидат преместени во касарни, како што објави „БГНЕС“.
Сопствениците на хотелите се жалат дека не можат да им излезат во пресрет на Украинците затоа што имаат големи трошоци бидејќи многу луѓе се сместени кај нив.
Поради ова државата сака да ги сели во касарни, а за жал дел од украинските бегалци во хотелите денеска не добиле појадок, објави „БГНЕС“.
Рокот за преселба на украинските бегалци од хотелите во државни сместувања е до 15 ноември.
02.11.2022 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа