Се урна таванот во хотел во Турција - над 30 лица се повредени
Повеќе од 30 лица се повредени при уривање на таванот во хотел во градот Сарикамис во североисточна Турција, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.
Несреќата се случила вчера, а при уривање на таванот се повредени 32 лица.
Коџа на „Твитер“ објави дека девет повредени се префрлени во болница.
08.01.2023 - 12:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа