(Видео) Бизарна кампања во Косово: Куршуми наместо бонбони, не купувајте српски производи

 

На социјалните мрежи во Косово деновиве е во тек неофицијална кампања против купувањето прехранбени производи од Србија, а во последниот спот што е објавен од видео едиторот Шќипдон Салијај, наместо грицки и слатки, во амбалажата на српските производи се спакувани куршуми.

Главниот лик во видеото купува такви производи во продавница – чипс, слатките „Медено срце“ и биксвитите „Плазма“, меѓу другото. Кога се враќа дома, човекот ги отвора производите еден по еден, но во нив има куршуми, додека во позадина се појавуваат сцени од минатото, плачење на бебе и глас на старец кој потсетува дека имало војна со Србите.

Кампањата за бојкот на српските производи на Косово минатата година во неколку наврати се интензивираше, со повици да не се купуваат продуктите затоа што се произведени во Србија.

„Досега со раце го храневме непријателот“, „Не ја финансирајте српската војска“, „Не е патриот тој што им дава пари да купат оружје, патриот е тој што ги купува производите на својата земја“ , „Не заборавај“ – се дел од пораките во оваа кампања, дел од чиишто материјали беа и предмет на тужба за ширење етничка омраза.

Во меѓувреме, косовскиот Совет за печат ја прогласи за неоснована претставката за ширење етничка омраза, обвинителството сѐ уште нема одговорено на поднесената кривична пријава, а Народниот правобранител покрена истрага.
 

24.01.2023 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега