Мило Ѓукановиќ по 25 години поднесе оставка од функцијата претседател на ДПС

 

По поразот на претседателските избори, Мило Ѓукановиќ поднесе оставка од функцијата претседател на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС).

Ѓукановиќ беше на чело на ДПС од 1998 година.

За време на неговото претседателствување со таа партија четири пати беше црногорски премиер и во два мандата претседател на Црна Гора.

Тој во неделата беше поразен на претседателските избори од Јаков Милатовиќ, кандидатот на движењето „Европа сега“ кој освои 60 отсто од гласовите на гласачите.

Ѓукановиќ ќе остане на функцијата претседател на Црна Гора до 20 мај, кога ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател.

06.04.2023 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега