Уметнички дела вредни повеќе од 240.000 евра – Хрватска продава слики во сопственост на поранешниот премиер Санадер

 

 

Во Хрватска е објавена јавна продажба на уметнички дела, кои биле во сопственост на поранешниот премиер Иво Санадер, чија вредност се проценува на повеќе од 240.000 евра.

Според хрватскиот портал „Индекс“, меѓу уметничките слики има и пет дела на Влахо Буковац.

Врз основа на судските пресуди, државата од Санадер бара нешто повеќе од 11 милиони евра.

Во написите медиумите потсетуваат дека Санадер беше уапсен во средината на декември 2010 година во Австрија, осуден е на неколку години затвор за повеќе кривични дела поради финансиски малверзации и корупција.

 

07.04.2023 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега