Невремето ја прекина седницата на хрватскиот Сабор: Водата почна да влегува низ вратите на парламентот

 

 

Седницата на хрватскиот Сабор накратко била прекината затоа што вода влегла во парламентот, откако Загреб повторно го зафати силно невреме.

„Затворете го прозорецот, водата проби“, рекол претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, наредувајќи 10-минутна пауза додека собраниските служби не ги затворат отворените прозорци.

Водата почнала да истекува низ отворениот прозорец и да протекува по ѕидот на собраниската сала. Водата почнала да навлегува и на главната врата на Собранието, која веднаш беше затворена и заштитена со крпи.

Загреб попладне повторно го зафати силно невреме пропратено со силен ветер и дожд.

Собранието расправаше за состојбата на судството на вонредна седница свикана од претседателот на Републиката Зоран Милановиќ, пишува ХРТ.

21.07.2023 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега