Беџети: Тошковски мора да си оди - не ни дозволи како луѓе да го славиме Денот на знамето

 

Министерот Тошковски според пратениците на ДУИ бил виновен што групи граѓани го палеа македонското знаме, дрифтуваа со автомобили преку него и на најразличен начин го сквернавеа македонскиот национален симбол. Тие биле испровоцирани бидејќи полицијата, како што тврдат од ДУИ не им дозволила достоинствено да прослават.

„Министерот за внатрешни работи Тошковски и неговиот заменик Исени на Денот на празникот на Албанското знаме, како одговорни лица и наредја на полицијата на невиден и неоправдан начин да интервенира спречувајќи мирна и традиционална манифестација на Албанците.

Ова интервенција предизвика непотребни тензии и ја поткопа атмосферата на мир и меѓуетнички соживот. Полицијата, наместо да го одржува јавниот ред и да ги почитува правата на граѓаните да го прослават овој ден, поттикна конфронтација и ескалација на тензија.“ - рече денеска пратеникот на ДУИ Блерим Беџети информирајќи дека Тошковски е еден од министрите кои треба да си заминат.

 

 

03.12.2024 - 19:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега