ВЛЕН: Им ја носиме на граѓаните најдобрата „Новогодишната кошничка“
Коалицијата ВЛЕН докажува дека дадениот збор мора да се одржи, затоа посветено и со жар работи на целосно исполнување на ветувањата произлезени од изборната кампања. ВЛЕН се грижи граѓаните на државата да имаат пониски трошоци токму за време на празниците. Поради тоа, ВЛЕН им ја носи на граѓаните најдобрата „Новогодишната кошничка“, велат од ВЛЕН.
„Во намалувањето на цените се вклучени основните прехранбени производи од различни групи. ВЛЕН се грижи основните производи да бидат поевтини за време на новогодишните празници, воведувајќи нови стандарди на грижа за граѓаните. Со тоа автоматски ги искоренуваме назадните методи инсталирани од ДУИ, кога тие се потсмеваа со граѓаните.
За помош го сметаа намалување на цената на делфинското месо, нешто што го правеше Крешник Бектеши од ДУИ. Можеби си помагале себеси, бидејќи обичните граѓани ретко, ако не и никогаш, „не јадеа„ делфинско месо.
Преку “Новогодишната кошничка“ нашите граѓани ќе имаат побогати трпези за време на празниците кои ни претстојат. Листата на најпродаваните производи за време на новогодишните празници ќе се продаваат со акции по пониски цени за 10 и повеќе проценти.
Потрошувачката новогодишна кошничка е акциско намалување на цените на одредени прехранбени производи, кое ќе биде валидно еден месец, односно во периодот од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година, кога се совпаѓаат неколку празници. Групите на производи се обединети во листата на прехранбени производи, вклучувајќи повеќе од 650 производи, понудени од вкупно 59 компании, производители и дистрибутери.
Производите на листата кои ќе бидат понудени на рафтите во трговските синџири ќе бидат обележани со налепници и логото “Помалку трошоци, повеќе за тебе“. ВЛЕН постојано, и во идниот период, ќе се ангажира за пониски цени за нашите граѓани.
ВЛЕН се грижи за благосостојбата и повисокиот стандард на граѓаните. ВЛЕН преминува во дела“, стои во соопштението на ВЛЕН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа