СДСМ: Кошничката е измама, инфлација од 4,3% во ноември покажува дека цените веќе се покачени
Измамата со така наречената новогодишна кошничка е во веќе покачените цени на производите на храна и пијалок кои граѓаните ги сведочат во маркетите во изминатиот период, велат од СДСМ.
„Власта на Мицкоски им остави време и трговците ги покачија цените. Тоа освеш што го знаат граѓаните го потврдуваат и официјалните податоци на Државнот заводот за статистика.
Инфлацијата во месец ноември е зголемена и изнесува 4,3% а зголемувањето е најмногу како резултат на зголемувањето на трошоците на животот за храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 %.
Значи јасно е како ден дека Мицкоски направи дил со трговците дозволувајќи им да се богатат на грбот на граѓаните.
Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците“, стои во соопштението на СДСМ.
16.12.2024 - 12:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа