Тошковски: Ќе проработат камерите - нека му ја мислат тие што возат пијани со 200 по улиците
Новите камери кои се инсталираат по скопските и улиците на уште неколку градови многу скоро ќе бидат ставени во функција вели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој додава дека ова е приоритет за неговото министерство бидејќи многу се дивее по улиците а тоа резултира со голем број на човечки жртви во сообраќајни несреќи.
Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека оние кои си возат според правилата, немаат причина да бидат загрижени.
„Граѓаните кои што се чесни, доблесни и ги почитуваат прописите нека не се секираат нема да бидат казнети. Граѓаните кои што не го почитуваат законот, граѓаните кои што возат под алкохол, граѓаните кои што дивеат по улиците наместо 80 возат 200 и те како дека ќе бидат казнети. Тие се помала бројка но секој еден кој што дивее по улиците ќе биде казнет. А секој еден граѓанин кој што си го почитува законот, којшто си ги почитува нормите, а тие се многу, нормално дека треба мирно да спие“ – рече Тошковски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа