Грипот зема замав во Македонија: 10 деца на Интензивна, 2 на кислород
Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле има зголемен број на амбулантски прегледи и хоспитализации.
Како што пренесува Телма, на Клиниката се хоспитализирани 10 пациенти на интензивна нега, а две деца се ставени на кислородна поддршка.
Изминатата недела се регистрирани 1.412 случаи на заболени од грип, што е за над 34 отсто повеќе во споредба со претходната година.
- Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот. Со години тоа е така. Пикот е во втората половина на февруари. Ќе растат бројките уште, но, споредено со минатите години, нема никаква разлика во однос на тоа како е сега. Дури ако споредиме со лани, оваа година состојбата со заболени лица од грип е нешто подобра. Тоа што бројот на заболени ќе расте, не зависи само од училиштата, таква е динамиката на раст на бројот на заболени од грип, изјави деновиве за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа