Полицајците ја фатија жената што прегази пешак и избега: Ќе одговара по брза постапка

 

Лишено од слобода лицето кое вчера во Скопје удри пешак и избега од местото на настанот.

На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и ул. „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот. А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во
Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани телесни повреди, информираат од МВР за Прес24.

По наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

01.02.2025 - 10:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега