Николоски: И во иднина ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на социјални станови во општина Кочани истакна дека и во иднина ќе продолжи ваквата поддршка и дека во моментов се гради или се довршуваат ваков тип на градби кои ќе бидат наменети за социјално ранливи категории на граѓани.
-После неколку месечна успешна работа на новиот директор на ЈП како и на неговиот тим веќе ги гледаме првите резултати. Завршена е процедурата во соработка со министерството за транспорт за распределба на социјални станови за ранливи категории на граѓани и во Кочани и во Велес, изјави вицепремиерот Николоски.
-Се работи за категории на граѓани кои што навистина имаат потреба и се надевам дека ќе си најдат среќа и топол дом во истите, рече Николоски.
Николоски на новите корисници на становите им посака среќа и убави моменти во новите домови.
-Би сакал на сите кои денеска ги добиваат да им посакам убави моменти во годините кои што се пред нив, секако дека ќе продолжиме да даваме ваква поддршка. Инвестицијата тука не е мала, се работи за инвестиција од 72 милиони денари, инвестиција која што оди дирекно од буџетот, а во моментот работиме уште во неколку општини на довршување или на исградба на социјални станови, тоа се општините Прилеп, општината Каменица, општина Бутел во Скопје, истакна вицепремиерот Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа