СДСМ пак го бојкотира Собранието
Пасивна, некоординирана опозиција или тивок бојкот? Во собраниските клупи наменети за опозициските партии денеска седеа само десетина пратеници. На првата седница со обемен дневен ред по локалните избори тие не учествуваа во дебатата, а поголемиот број се воздржуваа и од гласањето. Утрово опозицијата не се појави и на координацијата кај спикерот Вељаноски, иако власта повеќепати ја повикуваше.
Од мнозинството велат дека Парламентот и покрај неактивноста на опозицијата мора да работи и да носи закони во интерес на граѓаните. Усвоени беа повеќе по скратена постапка,како и одлуката за испраќање на припадник на Армијата во мировната операција УНИФИЛ во Либан.
-Се работи за седма ротација на наш припадник во оваа мировна операција УНИФИЛ во Либан, која е под покровителство на ОН. Нашиот припадник ќе биде испратен овој месец, со мандат од една година. Македонија има свој офицер претставник во оваа мировна операција од 2007 година што е многу знајано за промоција на земјата на глобален план како придонесувач за светскиот мир и безбедност, рече заменик министерот за одбрана Емил Димитриев.
ДПА не ја пропушти можноста и денеска да протестира во законодавниот дом. Побараа еден час пауза во знак на протест за албанскиот јазик на собранискиот канал