Нова ера: Што ќе значи спојувањето на „Икс“ и „ИксАИ“?

 

Како што блискоста со американскиот претседател Доналд Трамп и улогата во новото Министерство за ефикасно владеење (ДОГЕ) на САД, од една страна му донесоа поддршка на милијардерот Илон Маск од десничарите, така растат и критиките за него во медиумите.

А пак, поголемиот број негови противници има негативно влијание врз работењето на „Тесла“. Сепак, според пишувањата на „Си-ен-би-си“ (CNBC), без оглед дали некој го поддржува или не, Маск повторно се покажал како одличен претприемник кој знае како да ракува со пари. Ова, според наводите, се гледа во примерот со работењето на неговата компанија за вештачка интелигенција – „ИксАИ“ (xAI). Иако ја основал во март 2023., веќе следната 2024 година нејзината вредност достигнала околу 50 милијарди долари, пренесува „Дневни аваз“.

Маск, неодамна, ја спои новата фирма со друга негова компанија – „Икс“ (Х), порано познат како „Твитер“. Тоа секако значи огромен потенцијал и бројни нови можности, велат познавачите.

Вредноста на оваа компанија, според најновите податоци од „Блумберг“, наскоро би можела да достигне до 120 милијарди долари. Бидејќи станува збор за приватна компанија – што значи дека нејзините акции не се котирани на берзата, нема официјални податоци за вредноста, но врз основа на купувањето акции во компанијата, може и да се дознае проценетата вредност.

Иако сè уште нема официјални известувања за новите инвестиции, веќе се појавија наводи дека Илон Маск деновиве преговара со инвеститори, за влогови вредни 20 милијарди долари. Конечната бројка сè уште не е договорена, па таа може да биде и поголема.

28.04.2025 - 18:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега