Семејно насилство во Кавадарци: Се скарале, па сопругата го натепала мажот
Кавадарчанец во текот на вчерашниот ден пријавил физички напад од сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 13 часот во ОВР - Кавадарци, 42-годишен кавадарчанец пријавил дека на 19 април, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 39-годишна сопруга, појаснуваат од СВР - Велес.
Како што истакнуваат оттаму, се преземаат мерки за расчистување на настанот.
01.05.2025 - 11:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа