Кузеска: Власта е во хаос

 

Богданка Кузеска од СДСМ вечерва во „Отворено“ на ТВ „24“ рече дека во цела владина коалиција е во хаос. Според неа, нема ниту еден кредибилен аргумент кој покажува зошто Таравари ја напушти владата.

„Во владината коалиција е хаос. Не слушнав ниту еден аргумент кој е кредибилен зошто Таравари ја напушти коалицијата. Тие одат на дискредитација на личноста, класика за ВМРО-ДПМНЕ и несериозно е власта да зборува чаршиски муабети. Ова е потврда дека станува збор за поделба на проценти, функции и тендери и тоа покажува дека фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е на тендери, функции и бизнис-интереси. Излегувањето на Таравари значи и покажува дека владината коалиција не е стабилна и мислам дека времето тоа ќе го покаже“, рече Кузеска.

13.05.2025 - 23:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега