Манасиевски: Филипче исчезна по признанието за златна виза
Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изјави дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче е исчезнат од јавноста четири дена откако признал дека поседува златна виза за Дубаи. Манасиевски го обвини Филипче дека се крие и бега од одговори за начинот на кој ја добил визата.
„Откако Филипче вчера не ја покажа потврдата за студирање во Дубаи, бидејќи ја нема истата, денес Филипче треба јавно да одговори. Ако преговарал за златна виза за да работи како доктор, како ја добил златната виза, а нема нострифицирана диплома? Го повикуваме Филипче јавно да одговори, ако преговарал за работа во Дубаи како доктор, и добил златна виза, како го сторил истото без нострифицирана диплома“, праша Манасиевски.
Тој додаде дека Филипче молчи и се крие, а СДС веќе не го брани. Манасиевски се прашува дали Филипче е исплашен дека тезите на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на добивање на златната виза ќе се покажат како вистинити.
„СДС и Филипче тонат во криминал, дрога и корупција. Молчат за потеклото на златната виза за Дубаи на Филипче. СДС и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција“, заклучи Манасиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа