Уапсен е Оливер Ивановиќ во акцијата на ЕУЛЕКС

 

Уапсен е кандидатот за градоначалник на Косовска Митровица и лидер на „Српската листа за Косово и Метохија“, Оливер Ивановиќ во акцијата на ЕУЛЕКС.

Ирина Гудељевиќ, портпаролот на ЕУЛЕКС потврди дека во тек е акција во Северно Косово, без да соопшти други детали за што станува збор и не споменувајќи имиња.

Во седиштето на ЕУЛЕКС во Приштина, исто така, е потврдено дека се спроведува акција, но не се даваат повеќе информации за нејзината цел и дали е некој уапсен. 

27.01.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега