Потписите за Црвенковски ќе се собираат до 2. јуни
Членството на СДСМ од 53 општински организации, до 2. јуни ќе собира потписи за Бранко Црвенковски да остане лидер на партијата. Засега члентвото на СДСМ собрало околу 15.000 потписи, а до почетокот на Конгресот во јуни очекуваат бројот да биде далеку поголем. За членството на партијата, само Црвенковски бил доволно искусен и сериозен за да се справи со власта.
Најблиските соработници на Црвенковски веќе ги поднесоа кандидатурите и програмите.
Извор: Канал 5