ВИДЕО: Пенов седи во фотелјата на Жерновски?

 

-Се потврдуваат пишувањата на Курир и на дел од другите медиуми дека поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов секојдневно неовластено оди на „работа“ во Општина Центар. Оваа аматерска снимка покажува дека новиот градоначалник на Центар очигледно е во тесна соработка со својот порано претпоставен Пенов, пишува денеска Курир.

Според информациите на порталот, екс градоначалникот на Скопје во Општина Центар поминува дури и повеќе време од самиот Жерновски.

Курир објавува и аметерско видео кое е поставено на Јутјуб, на кое може да се забележи како Пенов по кратко време поминато во кафулето пред самата Општина, влегува во општината со која сега раководи поранешниот негов советник.

Автомобилот „Опел антера“ на Пенов исто така може да се забележи на снимката. Возилото е паркирано пред општина Центар уште од рано утрината, на местото означено за службено возило.

Останува отворено прашањето зошто Ристо Пенов минува толкаво време во општина Центар и што точно работи на местото каде нема никаква официјална функција.

ФОТО: Курир

Извор: Курир

најчитано сега