Трагедија: Се удави тригодишно детенце
Тригодишно девојченце се удавило во понеделникот на северот на Косово. Нешто по 19 часот во полициска станица било пријавено исчезнувањето на 3-годишната А.К. која за жал била пронајдена мртва.
Откако спасувачките екипи го пронашле девојчето, тоа без знаци на живот било итно пренесено во болница, но иако лекарите со сите сили пробале да ја реанимираат, можеле само да ја констатираат смртта.
Ова е уште една трагедија која деновиве го зави Балканот во црно.
06.05.2014 - 11:08
Фото:
либертас
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа