Тажната приказна на Саво Милошевиќ: Останавме само јас и сестра ми

 

Прославениот српски фудбаслки репрезентативец Саво Милошевиќ, кој моментално ја извршува функцијата директор на сите селексции на Фудбалскиот сојуз на Србија отворено зборува за семејната трагедија која му се случи и на начинот на кој се обидува да се избори со тешкото бреме.

За неполни три години Милошевиќ претрпе три тешки животни удари: дедото Саво, имењакот, почина во 2012 година во затвор при издржување на првата година од затворската казна заради убиствот на својот син Стево, таткото а Саво, а неговиот брат Андија загина минатата година во тешка сообраќајна несреќа. Нешто пред тоа, во 2000 година од рак почина неговата мајка.

-Останавме само јас и сестра ми. Често зборувам за нив. За сите. Навистина е тешко, но тоа спомнување го доживувам како начин да им го продолжам животот. Не знам дали постои било што на светот што на човек во таа смисла ќе му ја олесни болката. Единствено што преостанува во такви ситуации е верата - вели Милошевиќ.

Последна во низата трагедии во семејството Милошевиќ е смртта на неговиот брат Андрија.

-Бевме многу блиски. Го префрлија во Ургентниот центар. По 15 минути, некој излезе и рече дека е... Беше мртов. 38 години! До кога, помислив. Кај мене сите приказни се комплицирани. Тоа што мојот дедо го уби мојот татко. Подоцна се покажа дека бил несреќен случај, па некако ми олесни. Дедо ми ја зел пушката, но немал намера да го убие мојот татко туку се сопал и пушката сама испукала. Несреќен случај, но погубен за семејството во тој момент, зошто ги загубил двајцата. А се убаво што понесо во идниот живот беше она од родителскат куќа. Од тие исти луѓе. Сепак, бев лут на дедото. Огорчен, лут, бесен, раскажува Милошевиќ.

Саво вели дека по трагедиите морал и сам себе да се преиспита.

-Откаде сега тоа се прашувате. Оттаму што никој од нас себеси не може да се амнестира од одговорноста. Не од вината, туку од одговорноста. Секако дека не сум виновен, но сум одговорен. За нешто за што не можам да одговорам. Инаку со оглед на трагедијата која ми се случи, искрено да ви кажам повеќе не се осмелувам да планирам и многу да сонувам. Наместо тоа, секој ден се молам за сите мои, оние кои останаа, да останат здрави. Тоа ми е најголем сон - вели Милошевиќ за веснкот “Време“.

02.06.2014 - 11:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега