БиХ како Авганистан: Ал Каеда метастазира на Блаканот

 

Босна и Херцеговина зазема едно од водечките места во светот по бројот на терористички организации поврзани со Ал Каеда, кои во оваа земја ги има пет, колку и во Авганистан. 

Според листата на ОН, како што јави Танјуг, БиХ се наоѓа веднаш зад Пакистан, а е во ранг со Авганистан, по бројот на вакви организации, што значи дека е една од најопасните земји во светот кога станува збор за тероризам.

На официјалната карта на ОН, на која се прикажани земјите за кои е познато дека се поврзани со Ал Каеда, БиХ е означена со истата боја како и Авганистан.

Во текстот објавен заедно со картата се наведува дека најмногу ограноци на Ал Каеда има во Пакистан - 12, а потоа следуваат Авганистан и БиХ со по пет такви организации.

Советот за безбедност на ОН на листата на терористички организации стави вкупно седум групи регистрирани во БиХ и неколку поединци кои се сметаат како закана за глобалната безбедност.

02.06.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега