Градоначалничката на Смедерево осудена на 15 месеци затвор поради мито
Вишиот суд во Смедерево денеска ја осуди смедеревската градоначалничка Јасна Аврамовиќ на 15 месеци затвор под обвинение дека додека работела како лекар повеќе пати примала мито од пациенти.
Како што јави ТАНЈУГ, Аврамовиќ е обвинете дека за одреден паричен надомест им овозможувала на некои пациенти противзаконски да се стекнат со право на пензија.
Покрај затворската, Аврамовиќ ќе мора да плати и парична касна од 144 илјади динари (1.246 евра).
Адвокатите на Аврамовиќ најавија дека ќе ја обжалат пресудата пред Апелацискиот суд во Белград.
02.06.2014 - 14:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа