Нова теорија: Леталото требало да падне во област каде што се води војна, а не во Хрватска
Синоќа се случи инцидент околу 23 часот во близина на езерото Јарун во Загреб, каде што падна беспилотното летало за кое се шпекулира дека е од Русија.
На социјалните мрежи се појави нова теорија, по инцидентот, дека леталото требало да падне во Жутомирска област во Украина, односно на половина пат меѓу Киев и лавов, каде што има градче Јарун.
Теоријата е таква што укажува на тоа дека Украинците можеби програмирале летало за надзор и снимање и го испратиле на погрешна локација, па така дронот заминал за Хрватска.
И покрај оваа теорија, сепак од Украина претходно соопштија дека леталото не е нивно, па во моментов се води истрага за тоа кој управувал со него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа