Обвинителството потврди: Голема акција против припадници на затворската полиција

 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја потврди акцијата против поранешен директор и припадници на затворската полиција, но оттаму барем засега нема повеќе детали.

-Под раководство на  јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје, велат од ОЈОГОКК.

Подетални информации за акцијата се очекуваат во текот на денот.

27.02.2025 - 10:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега