„Од каде му е пиштолот и како знае да пука?!“ – родители низ солзи по масакрот во Белград
20 лица се повредени во пукањето во Белград, дознава „Блиц“.
– Во Тиршова се сместени уште три деца, едно дете е во критична состојба, е во операциона сала, има сериозни повреди на главата и е во животна опасност. Другите двајца се на интензивна нега и имаат прострелни рани, најмногу во екстремитетите – изјавија за „Блиц“ од Брза помош.
Повредена е и професорката по историја, засега не се знае во каква состојба е.
Родителите на учениците се бесни и се прашуваат од каде момчето го добил пиштолот и како знаело да пука?
-„Слушнавме дека момчето влегло во училиштето, го нашло чуварот од вратата и му пукал директно во главата. Од каде знаел да пука?!“ – прашуваат очајните родители кои се пред училиштето.
Не можат да поверуваат што им се случило, а училишниот чувар кој загинал бил прекрасен човек.
-„Чуварот беше прекрасен човек, не ми се верува дека повеќе го нема, секогаш беше фин и љубезен кон сите“ – низ солзи рекол еден родител.
-„Треба да се постави детектор за метал, полицајци да поминат низ училиштето.“- прашуваат гневните и потресени родители.
Шокантни се сцените пред училиштето, децата постојано плачат, како и родителите кои во паника си ги бараат децата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа