Од полноќ горивата во Црна Гора ќе бидат најскапи досега

 

Како што објавија црногорските медиуми, од утре цените на горивата во Црна Гора ќе ги соборат сите рекорди – бензинот од 98 октани поскапува за 16 центи по литар и ќе чини 1,78 евра, додека БМБ 95 ќе се продава за 1,74 евра по литар.

Еуродизелот поскапува за цели 28 центи и литар од овој вид гориво ќе чини 1,73 евра, додека нафтата за греење поскапува за 25 центи и ќе чини 1,67 евра.Во Подгорица една такси компанија веќе ја покачила цената за 10 центи по километар, пишува подгорички „Вијести“.

Владата пред два дена претстави сет мерки за поддршка на стопанството и граѓаните, меѓу кои и намалување на акцизата за горивото за 40 отсто, наместо првично планираните 20 отсто.

За тоа да биде усвоено, треба да се одржи седница на Собранието.

Дотогаш, како што наведува „Вијести“, цените на горивата ќе зависат од светскиот пазар, каде по големите осцилации минатата недела е забележан пад од околу пет отсто.

На бензинските пумпи во Црна Гора велат дека во изминатите денови точеле рекордни количини гориво и до педесетина тони дневно, а дека и денеска имало значителни гужви, додава „Вијести“.

 

14.03.2022 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега