Одреден 30-дневен притвор за лицата кои киднапираа дете во Тетово

 


На 05.05.2025 во 23.00 часот и на 06.05.2025 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с.Гајре, тетовско и Л.Д.(52) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишната З.Ј. од тетовско Џепчиште дека со употреба на сила го внеле нејзиниот малолетен син во нивното патничко возило „бмв х5“ и физички го нападнале, при што употребиле и метален предмет.

Според пријавеното, откако успеал да им избега, Џ.Д. извадил пиштол и му се заканувал на малолетникот.

Исто така, тие биле пријавени и од Б.Ш.(24) од Тетово дека против негова волја го внеле во истото возило, физички го нападнале и барале од него да им посочи две лица кои наводно земале пари од ќерката на Џ.Д.. Лицата се лишени од слобода и поднесена е кривична пријава, по што од страна на судија на претходна постапка одреден им е 30 дневен притвор. 

07.05.2025 - 13:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега