Орбан: Војната во Украина може да стане Авганистан за ЕУ, Киев останува без поддршка

 

Војната во Украина може да стане „Авганистан на Европската унија“, а официјален Киев погрешно ги разбрал намерите на Западот и порано или подоцна ќе остане без поддршка, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за американскиот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон во Дубаи.

Според него, војната во Украина е исцрпувачки, скап и безнадежен ангажман.

Орбан потсети дека ЕУ инвестирала стотици милијарди евра за да и помогне на Украина да се спротивстави на руската инвазија.

„Доколку американскиот претседател Доналд Трамп не може да најде решение, оваа војна лесно може да стане „Авганистан“ за Европската унија“, рече Орбан.

Сепак, според предвидувањето на унгарскиот премиер, војната во Украина ќе заврши за половина година, а можеби и порано.

„Војна до недоглед. Тоа е бескраен конфликт без излез кој троши енергија, човечки животи, пари, се’. Тоа ја уништува рамката на нормалниот живот на Европската унија. Ние сме во сериозна опасност“, заклучи Орбан, повторувајќи го официјалниот став на Кремљ дека Русија ја нападнала Украина за да ја спречи да влезе во НАТО.

 
15.02.2025 - 10:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега