Откриено како поминала првата ноќ во затвор на убиецот на Јелена Марјановиќ

 

Зоран Марјановиќ вчера беше осуден на 40 години затвор поради убиството на сопругата Јелена, па заврши во Централниот затвор во Белград.

Марјановиќ не правел проблеми во првиот ден зад решетки и немал никакви барања од страна на чуварите, туку само јадел и спиел.

„Зоран беше мирен. Молчеше и ги изврши сите процедури, по што доби храна и легна да спие“, соопштија од полицијата.

Убиецот до понеделник не може да прима посета, а кога ќе биде дозволено такво нешто, се очекува средба со адвокатите и семејството.

23.07.2022 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега