Падна судска одлука: Деветкратниот убиец од Србија прогласен за виновен
22-годишниот Урош Блажиќ беше прогласен за виновен откако минатиот мај уби девет и рани 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје. Изрекувањето на пресудата е во тек.
Урош се изјаснил за виновен, а бидејќи во моментот на делото имал помалку од 21 година, за стореното дело не е можно да се осуди на доживотен затвор, туку само на казна од 20 години. Обвинителството му ја предложи оваа казна на судот.
„Обвинетиот Урош Блажиќ е виновен затоа што во неколку села, во разумна состојба, свесен за своите постапки и нивната забрана, при несовесно насилничко однесување зел и се обидел да им ги одземе животите на неколку лица, носел огнено оружје, муниција и мини- експлозивни направи“, рече судијката Лидија Јовановски. Таа додаде дека убиецот е виновен и за киднапирање под закана за убиство.
Таткото на Урош, Радиша, исто така е прогласен за виновен бидејќи во неговото живеалиште чувал големо количество оружје и муниција, што неговиот син ги користел при повеќекратни убиства.
Крвавиот напад на Блажиќ во селата кај Младеновац се случи само еден ден по пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Блажиќ го започнал крвавиот поход во Мало Орашје, а потоа се упати кон Дубона. Тој по масакрот побегнал, а потрагата по него траеше до раните утрински часови кога бил пронајден на 50 километри, во близина на Крагуевац.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа