Песков: Путин е подготвен за средба со Трамп, но нема одговор од САД
Русија се уште не добила никакви сигнали од САД во врска со контактот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој нагласи дека Путин се уште е подготвен да се сретне со Трамп за да разговараат за прашања кои се во интерес на двете земји, пренесува РИА Новости.
„Досега не сме добиле никакви сигнали од Американците. Значи, работиме, како што велат, по сопствен распоред. Подготвеноста останува. Истата подготвеност, колку што слушнавме, се одржува и во САД. Очигледно е потребно извесно време“, им рече тој на новинарите.
Песков, исто така, рече дека конфликтот во Украина произлегува од заканата за руската национална безбедност и целосното одбивање на Западот да ја слушне загриженоста на руската страна за заканите за Русите кои живеат на територии кои еднострано прогласија отцепување од Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа