Петрушевски распали по Груби: Го приватизираше судството - колку пати си земал мито?
Артан Груби и СДС правеле притисоци врз судството, се носеле одлуки по диктат.
Артан Груби со години бил алфа и омега во судството, судиите наместо по закон суделе по налог на Груби, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Довербата во судството е само 2% заради тоа што судиите, наместо по закон, работеле под притисок, дециден е пратеникот.
„Во ситуација кога знаеме дека Груби обликувал судски одлуки, логички се поставува прашањето, колку предмети се завршени под негов диктат?
Во колку предмети правдата не излегла или никогаш нема да излезе на виделина, затоа што Артан Груби земал мито?
Артан Груби и СДС го имаа приватизирано судството.
Паниката кај ДУИ и СДС е и затоа што не можат веќе да влијаат на цели одлуки и обвиненија, и ќе мора да одговараат за сите криминали кои ги правеле“, изјави Петрушевски на денешната прес-конференција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа