Пленковиќ: Леталото е руско, ама не знаеме кој управувал со него
Во Загреб синоќа падна летало кое ги вознемири сите, а утрово премиерот Андреј Пленковиќ разговараше со унгарскиот премиер Виктор Орбан и сите надлежни членови на Владата, како и градоначалникот на градот, Томислав Томашевиќ поради инцидентот.
По разговорите со сите, Пленковиќ даде изјава за медиумите каде што откри дел од познатите детали.
„Тоа што го имаме како информација е дека ова летало е руско, односно од руско производство, но не се знае дали го контролирала руска или украинска војска. Знаеме дека пристигнало од Унгарија, а потоа летало неколку минути над Хрватска“, открива Пленковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа