Полицијата со детали за леталото кое ги вознемири луѓето во Загреб: Пронајдени се два падобрани
Во Загреб синоќа околу 23 часот се слушнала гласна експлозија, по што граѓаните излегле за да видат што се случува, а на улицата пронашле голема дупка.
Сведоци на инцидентот тврдат дека нешто паднало од небото, а тоа го потврдија и од полицијата, која потврди дека пронашла два падобрани.
„По 23 часа, Полициската управа на Загреб прими повеќе дојави од граѓаните дека почуствувале некаква експлозија и падна на објект од воздух. На местото на дојавата е испратена полиција која на зелената површина пронашла кратер, додека во пошироката зона пронајдовме два падобрани“, откриваат од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа