Полицијата трага по две исчезнати малолетнички

 

Полицијата трага по две малолетнички кои се оддалечиле од своите домови во селата Кадино, во Скопје и Струмица. Случаите се пријавени во текот на изминатото деноноќие, а се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, денеска во 01:22 часот, во полициското одделение Петровец, И.Г. (42) од село Кадино, Скопско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата 15-годишна ќерка Р.Г.pastedGraphic.png

Претходно, на 12.04.2025 година во 15:20 часот, во СВР Струмица, М.В. (70) пријавил дека од домот се оддалечила неговата 10-годишна внука Ј.А.

Надлежните служби преземаат мерки за лоцирање и пронаоѓање на двете малолетнички.

13.04.2025 - 14:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега